Јакимовски: Со среќа нека ви биде изборот, го признавам поразот

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, не го почека завршувањето на броењето на гласовите од првиот круг на претседателските избори и прв од седумтемина кандидати излезе со јавно обраќање во кое го призна поразот.



„Со среќа нека ви биде изборот. Го признавам поразот, ѝ честитам на Гордана Силјановска Давкова и ѝ посакувам среќа во вториот изборен круг. Резултатите се далеку од очекувањата, битно беше дека граѓаните имаа избор. Дали граѓаните биле во право, ќе видиме по пет години, да сме живи и здрави“, рече градоначалникот на Карпош, кој по 65,7 проценти преброени гласови имаше освоено само 5.341.