За претседателскиот кандидат од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, неговиот против кандидат Бујар Османи во оваа изборна кампања водел “жирафа политика”, односно не зборувал за Македонија туку повеќе за Косово.
“Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, односно, господинот Бујар Османи свој леб јаде, туѓо гајле бере. Цело време го слушаме како бере гајле за Косово, за Косоварите, но никако да предложи нешто за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Па оттука ни кажува дека ако Косово некаде не било повикано на состанок, дека тој нема да присуствува како Претседател на Република Македонија, или морало да се гласа за влез на Косово во Советот на Европа. Јас само би го прашал господинот Османи: Зарем Македонија не стори доволно за Косово? Го дадовме небото за да биде бомбардирана СР
Југославија, дадовме простор во Катланово, во Петровец и во Куманово за воени бази на НАТО за напад на СР Југославија од Македонија, го
признавме Косово, ја демаркиравме границата и досега сме гласале во сите институции за Косово” реагираше Јакимовски.





