Ова го порача кандидатот за претседател од политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вчера на средба со граѓани во Кичево.



„Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место“, порача Јакимовски кој ги презентираше програмските определби на коалицијата „Храбро за Македонија“.

Во текот на вчерашниот ден тој се сретна и со жители на Гостивар со кои разговараше и за најголемата мака – иселувањето од државата, кое рече се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.

Зборувајќи за промената на Уставот, тој упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

„Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата“, рече Јакимовски.