Доверба на изборите не треба да добијат политичари кои го уриваат угледот на земјата, порача вчера на средба со граѓаните на Крушево, лидерот на ГРОМ и кандидат за претседател, Стевчо Јакимовски.
Македонците повеќе не смеат да бидат понижувани, рече тој.
Негова забелешка е и дека се опструира членството на Македонија во ЕУ со постојано условување и нови барања. Чекањето за влез во ЕУ, според него, не може да биде бесконечно, а за македонскиот јазик и идентитет не може да се преговара.
„Она што мора да ѝ го соопштиме на Европската Унија е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на Европската Унија до 2030 година, а потоа не сме подготвени. До каде сме стигнале, толку е, а натаму ќе си бараме решенија за сите проблеми на нашите сограѓани, особено за економските проблеми што ги има Република Македонија“, рече Јакимовски.






