Ваквите чорби се идеални како предјадења, но се одлични и за оние кои сакаат да одморат од тешка храна.



Состојки :
-500 гр. јагнешко месо
-1 парче кромид
-2 лажици брашно
-1 чаша ориз
-1/2 чаша павлака
-1/2 целер
-1 жолчка од јајце
-бибер
-оцет
-магдонос
-сол
-црвен пипер

Подготовка:

Во сварено јагнешко месо додаваме кромид, бибер, сол и целер. Свареното месо го вадиме од супата,а супата ја процедуваме. Го чистиме месото од коските.
Супата ја оставаме да зоврие и во него додаваме ориз. На страна пропржуваме брашно во масло со црвен пипер и ги додаваме во супата.
Во врелата супа го враќаме месото и го оставаме да се довари. На крај додаваме изматена жолчка од јајце и оцет.
Чорбата се служи топла со ситно исецкан магдонос.