Јавно бојкотира маркети, а го поддржува и УЧК – Кој е новиот директор во Комуналнa хигиена?!

Скандал до скандал во Град Скопје. Секој ден ново изненадување, не секогаш позитивно. Како најново, Данела Арсовска, по петти пат смени директор на ЈП „Комунална хигиена“. На оваа позиција е поставен Сабахудин Рустеми од ДУИ. Јавно има симпатии кон УЧК, Талат Џафери, но повикува и бојкот на КАМ и Стокомак.



Според неофицијални информации, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по петти пат смени директор на ЈП „Комунална хигиена“. Досегашниот директор Јетон Незири е разрешен, а на негово место е назначен Сабахудин Рустеми, на кого веќе му честитаат на социјалните мрежи.

Редакцијата на „Скопје1“ побара официјален став од Град Скопје за причините зад оваа промена, но засега нема одговор.

Рустеми доаѓа од Сарај и е познат како поддржувач на ДУИ. Од неговите активности на социјалните мрежи се забележува дека:
✔️ Јавно го поддржувал Блерим Беџети
✔️ Бил дел од протестниот камп на ДУИ пред Уставниот суд
✔️ Објавувал слики со пречкртаните ликови на Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова
✔️ Повикал на бојкот на маркетите „Стокомак“ и „Кам“
✔️ Се гордее со УЧК и Талат Џафери

Град Скопје не дава одговори на прашањата зошто е сменет Незири, што погрешил, и каква е биографијата на новиот директор. Со оглед дека ова е веќе петта смена на директор во ова претпријатие, граѓаните очекуваат поголема транспарентност и објаснување за честите кадровски промени.