Ѓуретановиќ последен меѓу 37 пливачи на 400 м слободно на ОИ во Париз

Првиот од шестемина македонски учесници што се појави на спортските борилишта на 33. Олимписки игри во Париз, Никола Ѓуретановиќ, заврши последен во конкуренција на 37 пливачи во квалификациите на 400 метри слободно.



Шеснаесетгодишниот Ѓуретановиќ оствари време 4:05,38 минути, послабо за речиси три секунди во однос на резултатот 4:02,61 мин. постигнат во Дубровник во мај годинава, кој му донесе место во Париз и со кој ќе беше подобар од двајца натпреварувачи на Игрите.

Најбрз во квалификациите беше Германецот Лукас Мертенс со 3:44,13 мин.

Следна што ќе настапи од Македонците е Анастасија Мојсовска, која утре ќе учествува во квалификациите на 10 метри со воздушна пушка, закажани за 9:15 часот.