Ѓуленисти оперираат во седум училишта во Македонија

Веста за апсењето во Косово на турски државјанин осомничен за врски со организацијата на Фетула Ѓулен, во Турција позната како ФЕТО и означена како терористичка, извади на површина информација дека негови приврзаници оперираат во седум училишта во Македонија.
Четириесет училишта во регионот, од кои 15 во Босна и Херцеговина, 12 во Албанија, пет во Косово и едно во Србија, се под „капата“ на ѓуленистите, се вели во веста на турската новинска агенција Анадолија за приведувањето во петокот на Угур Токсој во Призрен, за кого се води постапка за екстрадиција во Турција.
Турската Влада ги обвини Фетула Ѓулен и неговата ФЕТО за организирање на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, во кој загинаа 250 луѓе, а речиси 2.200 беа повредени.