Ѓорѓеску: Сакаа да почнат трета светска војна од Романија (ВИДЕО)

„Имаше странско мешање бидејќи ним не им треба слободна Романија“, изјави за Новинарот Такер Карлсон опозицискиот политичар во Романија Калин Ѓоргеску кој победи на поништените претседателски избори во таа земја, без право за повторно кандидирање.



„Морам да спомнам дека тука е најголемата воена база на НАТО, и тие сакаат да почнат трета светска војна од Романија“, кажа Ѓоргеску, истакнувајќи дека најдолгата граница со Украина ја има токму Романија, пренесе МКД.Мк.

„Во овој регион дејствува разузнавачка група, истата онаа која се обиде да ја уништи кампањата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.

Тоа беше истиот пристап кон различни теми вклучувајќи го и тоа што сум лажно обвинет за странско мешање, секако за руско мешање, точно како што беше и претседателот Трамп во минатото. За тоа, нормално, нема докази“, истакна Ѓоргеску.

Тој истакна дека целиот систем во Романија е 100 отсто контролиран однадвор.

Ѓоркесу кажа дека пред овие избори системот во земјата бил контролиран од страна на поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен, а по доаѓањето на Трамп целосно ги контролира Франција, така што всушност сегашен претседател на Романија е претседателот на Франција Емануел Макрон, односно, како што прецизираше, Макрон и Џорџ Сорос.

На прашањето на Карлсон каква улога играл Блинкен во романската политика, Ѓоргеску кажа дека сите знаат дека имало странско мешање во изборите, особено од страна на Блинкен и Маркон.

Романија во оваа ситуација е многу важна стратегиска точка за Европската Унија, а за Макрон е стратегиски важно да почне војна, кажа Ѓоргеску.