Вработените во Пошта денеска од 8 до 10 часот протестираат, а причина е доцнењето со исплата на платата за минатиот месец.



Протестот се одвива пред Дирекцијата и во сите подружници.

„На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот.

Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства“, вели претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов.