Иван Илчев, член на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, смета дека ништо посебно нема да смени впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.
„Што ќе смени вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија? Дали ќе им обезбеди развој на кариерата?“, праша поранешниот ректор на Софискиот универзитет „Климент Охридски“ во емисија на бугарската телевизија Нова њуз.
Притоа тој посочи пример на луѓе што работеле во Бугарија, кои по враќањето во Македонија требало да си ги променат своите погледи за да успеат во кариерата?!
„Македонија води успешна политика на самоизолација“, додаде историчарот, кој ја обвини Македонија за мешање на политиката во работата на комисијата, за разлика од Бугарија, каде што ниту еднаш во овие шест години Министерството за надворешни работи не се обидувало да им даде совет.
„Во Скопје притисокот врз македонските колеги беше многу сериозен“, вели Илчев.






