Конфузни пораки во триаголникот Киев – ЕУ – САД по драматичната средба на Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Џеј Ди Венс.
Европските лидери искажуваат солидарност за Зеленски по дебаклот во Белата Куќа а украинскиот претседател му вели фала на Трамп.
На социјалната мрежа Х поранешен Твитер Зеленски упати порака со благодарност за посетата до Трамп и цела Америка.
,,Ти благодарам Америка, ти благодарам за поддршката, ти благодарам за оваа посета. Ви благодариме @POTUS (Доналд Трамп), Конгресот и американскиот народ.
На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме токму за тоа”, напиша Зеленски во благодарноста до САД.
Од друга страна по средбата европските лидери со многу пораки изразија поддршка за Зеленски меѓу редови напаѓајќи го Трамп за односот кон Украина.
Колку беше лоша средбата во Белата Куќа најдобро покажа однесувањето на украинската амбасадорка во Вашингтон.






