„Што може да направи краинскиот претседател за да ја промени ситуацијата?
Да му се извини на претседателот Трамп? Да прифати договорот за минерали под какви било услови? – прашува Би-Би-Си во коментар откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Украина.
„Се чини дека администрацијата на Трамп сака да го стори токму тоа – да ја префрли вината за тензиите на Зеленски, обвинувајќи го дека не е доволно благодарен.
Одлуката за замрзнување на помошта е очигледно обид да се изврши притисок врз украинскиот претседател да го натера да направи отстапки.
Сепак, Зеленски веќе навести дека е подготвен на компромис.
Во минатогодишното интервју, тој рече дека би можел да прифати губење на веќе окупирани територии од Русија, доколку за возврат неокупираните делови на Украина би можеле да се приклучат на НАТО.
Овој месец тој отиде чекор подалеку – тој рече дека ќе биде подготвен да се повлече доколку Украина за возврат добие членство во НАТО.
Сепак, Трамп ја отфрли можноста Киев да стане дел од алијансата, усогласувајќи се со позицијата на Москва. Што точно очекува Трамп од Русија, земјата која ја нападна Украина, сè уште не е познато“, заклучува Би-Би-Си.






