Што е трендинг во Македонија на социјалната мрежа на Илон Маск (ФОТО)

Социјалната мрежа Х поранешен Твитер своите корисници секојдневно ги апдејтира односно им сугерира кои се темите кои се во тренд односно актуелни.



Дел од темите се однесуваат за прашањата како Политика или Бизнис но Х дава информација и кои теми се трендинг за следбениците на локацијата каде тие се наоѓаат.

Во последниве неколку дена во повеќе наврати се менуваат трендинг темите за Македонија.

Завчера трендинг теми за македонските твитерџии беа Илон Маск, Епштајн и Кина.

Во моментот кога цел свет го гледаше видеото од катастрофалната средба на Трамп/Венс со Зеленски во Македонија трендинг бил Елон Маск кој споделуваше постови за средбата.

Логика има и за Епштајн затоа што завчера почнаа да се споделуваат информации дека ќе бидат објавени информациите поврзани со педофилскиот скандал со Џефри Епштајн во кои се најавуваа звучни имиња од шоу бизнисот и политиката кои биле дел од мрежата на Епштајн.

Зошто во саботата Кина била трендинг во Македонија е интересно прашање затоа што оваа земја воопшто не беше тема во меѓународната политика освен со информации дека таму се пронајдени огромни количини на енергетски извори.

Денеска трендинг на Х за Македонија се повторно Маск, Русија и на прво место украинскиот претседател Зеленски.

Денеска за сите три трендинг теми има логика затоа што сите се значително присутни на сите медиуми ширум светот.