Што е „Блек фрајдеј“ во Македонија?! Маркетиншки трик, или некаков попуст?!

Лажни попусти, или пак некакво намалување на овој ден кој некогаш потрошувачите едвај го чекаа. Маркетиншките експерти немаат дилеми дека и годинава ќе бидат соборени рекорди на единствените два дена во годината на кои фирмите го третираат купувачот како „крал“ – на Црниот петок и на Киберпонеделникот, на кои производите се нудат по намалени цени и се трошат по милијарди долари на секој изминат час.



Последниот петок во ноември традиционално е резервиран за глобално најпознатиот ден за шопинг наречен „Блек фрајдеј“, кога граѓаните продуктите од своите омилени брендови можат да ги купат со специјални попусти.

Дел од трговците се одлучуваат да започнат со извесни попусти и неколку недели пред официјалниот ден, па така раздвиженоста и гужвите низ трговските центри се чувствуваат речиси еден месец пред „црниот петок“. Дел од граѓаните велат дека постојано изминатиов период постојано ги следат цените, со цел да утврдат за што најмногу би им се исплатело да ги искористат попустите.

Колку ги чини Црниот петок потрошувачите одлучни нешто да купат, во однос на времето што го поминуваат барајќи попусти и пари што се подготвени да ги издвојат? Според истражувањето на германското здружение за дигитализација Битком, просечниот заинтересиран купувач поминува седум часа онлајн барајќи го она што го сака, по цена која е подготвени да ја плати.

Овие „празници“ традиционално најмасовно се слават во земјата што ги создаде – Америка. Купувачите со недели, па и со месеци претходно се подготвуваат за купувачката треска, воздржувајќи се од купување на облека, мебел, производи за домаќинството и особено електронски уреди, кои ги очекуваат на Црниот петок по намалени цени. Продажните синџири, пак, мобилизираат дополнителна работна сила за да ја услужат толпата купувачи во продавниците, креираат што е можно попривлечни летоци и внимателно ги анализираат резервите во магацините, навиките на граѓаните и општите трендови за да го дозираат процентот на попуст на секој производ.