Што било пресудно за брзото ширење на пожарот? Би-Би-Си направи реконструкција на трагедијата во Кочани

Би-Би-Си направи детална реконструкција на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, осврнувајќо се на причините за големиот број жртви во несреќата. Според медиумот, два фактори биле пресудни за брзото ширење на пожарот и големиот број загинати.



Првиот фактор кој го издвојува Би-Би-Си е што таванот бил направен од запалив материјал, а ѕидовите од гипс картон немале отпорност на оган, што довело до исклучително брзо ширење на пожарот. Вториот клучен фактор е недостатокот на доволно излези за евакуација. Иако објектот имал околу 500 гости, властите потврдиле дека постоел само еден функционален излез, и тоа истиот преку кој луѓето влегле во клубот.

Првиот смртен фактор е дека таванот е направен од запаливи материјали, а ѕидовите од гипскартон, кој не е отпорен на оган. Пламенот се шири во зградата. Тука може да видите луѓе како се обидуваат да излезат надвор. Вториот фактор е недостигот на излези во случај на пожар. Властите велат дека имало само еден излез, а тоа било назад зад главниот влез. Постоел овој
наводен излез за итни случаи назад. Но, јавниот обвинител вели дека вратата била заклучена, но и онака немало рачка на вратата однатре. Тоа значело дека речиси 500 луѓе морале да се обидат да излезат од каде што дошле, со што се создало стампедо и така висок степен на смрттни случаи“, се додава во видеото со реконструкција од катастрофата

Видеото може да се погледне на следниот линк : https://www.bbc.com/news/videos/cpdepl071jlo