Арпад Штербик беше најзаслужниот за првата титула европски шампион за ракометарите на Шпанија, кои во финалето на 13. Европско првенство во Хрватска ја совладаа Шведска со 29:23, а голманот на Вардар беше прогласен за играч на натпреварот



„Финалињата се за да се добијат и потоа да се прослават“, изјави 38-годишниот чувар на мрежата кој на европската клупска титула ја додаде и репрезентативната. „Во првото полувреме малку лошо игравме во нападот, примивме некои лесни голови од контранапад, не одеше баш најдобро, а во вториот дел успеавме малку да ги средиме и нападот и одбраната така за да можеме да ја играме нашата игра. Многу сме среќни и задоволни што вака завршивме. На теренот дадовме максимум“.

За 35,28 минути на теренот Штербик забележа осум одбрани од 21 удар, вклучувајќи ја и оваа спектакуларна интервенција по ударот од десното крило на Шведска, Никлас Екберг: