Унгарски Веспрем утринава објави дека потпишал двегодишен договор со актуелниот голман на Вардар, Арпад Штербик. Со тоа се потврдија сознанијата и најавите од претходно дека врвниот чувар на мрежата следното лето заминува од Скопје, и дека практично се враќа таму каде што и ја започна кариерата.
„Сакам да бидам поблизу до родното место, а ме привлекува и тоа што Веспрем е еден најмоќните ракометни колективи во Европа, па можам да се надевам на нова титула од ЛШ“ вели 38 годишниот Штербик.