Нема тим на колото во ракометната ЛШ без Штербик

Вардаровиот голман е единствениот кој остана од првото до второто коло во најдобрите седум во Лигата на шампионите. Блесокот со Висла, Арпад го повтори и со Нант, па со 13 одбрани најзаслужено се најде во седумте индивидуалци кои го одбележаа кругот во ЛШ.



Покрај голманот на „црвено-црните“ во идеалниот тим се и левото крило Валеро Ривера (Барселона), левиот бек Карел Билецки (Кјелце), средниот бек Мате Лекај (Веспрем), десниот бек Ласло Наѓ (Веспрем), десното крило Матјаж Брумен (Горење) и пивотот Бјарте Мирхол (Скјерн).

Освен Штербик во понеделничките избори, од нашите, се најдоа и Борко Ристовски од Барселона со петтата најдобра одбрана според ЕХФ и Вања Илиќ од Металург кој го имаше вториот најубав гол во рундата.