Штекли и неговата група во „Шутка“

Мерка притвор од 30 дена, добија Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица поради опасност од бегство, можност за повторување на делото и влијание врз сведоците, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.



Тие се осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука за притвор за десет лица. Исто така, одреден е притвор за уште две лица кои се недостапни за органите на прогон. Притворот ќе се спроведе веднаш по нивното пронаоѓањe“, соопшти судот.

Случајот е дел од поширока полициска акција насочена кон разбивање на организирани групи кои тргуваат со дрога. Според обвинителството, групата делувала на повеќе локации во Скопје, користејќи сложени методи за дистрибуција.

Од Штекли и екипата одземени оружје, пари, дрога