Шпекулации: Договорено било Република Северна Македонија?

Група на Фејсбук која се нарекува Македонски национален фронт(МНФ) тврди дека од инсајдерски информации дознава дека било договорено идното име на земјава да биде Република Северна Македонија.



Јазикот, пак, ќе бил makedonski (на латиница), а националноста makedonci (на латиница).

И грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас вели дека треба да се преговара за „името и употреба на името – двете прашања кои се во надлежност на господинот Нимиц да преговара,  како и изведените зборови, јазик, државјанство… а последно се кратенките“.
Околу барањето на Грција за „ерга омнес“ односно за име севкупна употреба, се вели дека Грците „ ќе попуштеле во однос на уставо“.

Односно, за внатрешна употреба да остане Република Македонија на кирилица, но во билатерални документи да биде Република Северна Македонија.

Групата шпекулира дека најавениот собир во Франција  во куќата на „Жан Моне“ имал за цел е да се договореле овие детали и кој која улога ќе ја игра во носењето на одлуката – кој ќе бил фронтменот, а кој ќе имал задача да го смирува народот.

Наводно, втората задача ќе му била доделена на ВМРО ДПМНЕ партијата која  не прифаќа ни референдум а ни промена на името,

СДСМ ќе ја имал улогата медиумски да ја убеди македонската јавност „исто како што во 2001 година помина Рамковниот кога тогаш перјаниците на СДСМ не убедуваа декс тој договор е добар“ се вели во соопштението на МНФ лиферувано на Фејсбук.

Медијаторот во разговорите околу разликите во името Метју Нимиц, за 11 и 12 декември најави средба со македонските „преговарачи“ Адамантиос Василакис и Васко Наумовски во Њујорк.