Шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте му го честиташе изборот на македонскиот репрезентативац Енис Барди за најдобар фудбалер во нашата земја за годината што поминува. Чесно од клубот од Валенсија, за кој Барди игра одлично од летоска, но чуди како тоа на Пиринеите знаат за прогласувањето кое овде треба да се случи во декември, а кај нас од ФФМ го чуваат како врвна тајна. Кој знае, можеби имаа намера допрва да гласаат/или не, зошто сега Шпанците ги открија.




