Фудбалската репрезентација на Шпанија ја потврди улогата на фаворит за (нај)висок пласман на Европското првенство во Германија, декласирајќи го најпријатното изненадување Грузија со 4:1 во Штутгарт и изборувајќи четвртфинална пресметка со домаќинот на 5 јули.
Шпанците, сепак, не се прошетаа до својата четврта победа во исто толку настапи на ова ЕП, бидејќи дебитантот до 39. минута и израмнувањето преку Родри водеше со автоголот на Ле Норманд во 18. минута.
Второто полувреме целосно ѝ припадна на „фуријата“, која со головите на Руиз во 51. минута, на Вилијамс во 75. минута и на олмо во 83. минута покажа дека е за класа подобра од тимот што Македонија го совлада во Тбилиси во баражот за претходното ЕП.






