Со вечерашниот меч Германија – Шкотска во Минхен (21 часот) почнува 17. Европско првенство (ЕП) во фудбал.



Иако, центарот на третиот по големина град во Германија повеќе наликува на Глазгов или Единбург бидејќи бил окупиран од десетици илјади шкотски фанови кои, се разбира, пијат хектолитри пиво.

Шкоткланѓаните го „окупирале“ и познатиот или озлогласениот „Хофбраухаус“ во Минхен, каде Хитлер држел жестоки говори на патот кон власта и кој се смета за место каде се родило нацистичкото движење.

Сека тоа е угостителски објект…

Новинарите на Телеграф сведочат дека таму Шкотланѓаните, наздравувајќи со литри пиво, пееле „No Scotland, no party“, а некои од нив толку се опијаниле што обезбедувањето ги исфрлило.

Истото му се случило на еден Шкотланѓанец кој им се соблекол до половина среде пабот.Index.hr