Рано попладнево се одиграа четири средби од 16 коло во Првата фудбалска лига. Во нив лидерот Шкендија го совлада Скопје со 4-0, Академија Пандев и Работнички ремизираа 1-1, и тоа со гол на Сержињо во 94 минута, Победа дома загуби од Силекс со 2-0, а Шкупи славеше со Ренова со 4-1. Ваквите расплети не ја менуваа табелата со тоа што сега Вардар е на 14 бодови оддалечен од Шкендија, но првакот сега има три средби помалку.
Една од нив е од 18 часот на Филип втори во Скопје, а станува збор за најголемото фудбалско дерби кај нас, дуелот на Вардар и Пелистер, кое денеска освен за бодови е и празнично за навивачите на црвено црните, Комитите кој прославуваат 30 години постоење.