Шкендија дома го победи Вардар со 2-0 за да докаже дека е во подобра форма и дека е најсериозен можен предизвикувач за титулата во новиот македонски фудбалски шампионат. Во супер дербито во Тетово домаќините имаа повеќе од играта во сите 90 минути, а иницијативата ја валоризираа во 5 минути на средина од вториот дел. Во 61. минута Алими погоди од далечина, а во 66. минута Жуниор ја заврши акцијата на Хасани. Вардар и пред и по примените голови имаше премалку шанси за да се надева на триумф или реми, па победата во првиот од четирите дуела што ќе решаваат за титулата ја промовира Шкендија во лидер и кандидат број 1.
Во вториот денешен дуел Работнички и Ренова одиграа 0-0 по што за утре ни претстои комплетирање на првото коло во нашата Прва лига и то со средбите: Победа – Пелистер, Силекс – Скопје и Шкупи – Академија Пандев. Потоа им се посветуваме на настапите в четврток на Вардар со Фенербахче и на Шкендија со Милан во плеј оф рундата од Лига Европа.





