Шкендија денеска го победи Тракаи со 3-0 и ги надополни литванските 2-1 за противникот, што беше повеќе од доволно за минување на третиот круг во Лига Европа, и за настап во плеј оф рундата. Тетовци на стадионот Младост беа расположени за стрелба од далечина. Бесарт Ибраими погоди од 25 метри во 26. минута за 1-0, а печат на пресметката уште во првиот дел стави капитенот Буба Хасани со убавец од слободен удар во 42. минута. Во продолжението и црвен картон за гостите и никаква закана по голот на Шкендија, а и погодок за конечна радост во 88. минута. Акција на повеќемина и одново стрелец беше Хасани.
Шкендија попладнево во Струмица ја оствари четвртата победа летово во Лига Европа и оди во плеј оф рундата. Вкупниот резултат со Тракаи е 4-2 и тетовци се дел од утрешното случување во Нион каде е жрепката за 4. круг во Лига Европа. Ние во него имаме двајца претставници што е извонредно и никогаш претходно не ни се случило. Веднаш да кажеме дека тие, Шкендија и Вардар не може да играат меѓу себе, па Македонија да има сигурен член во групната фаза.