Град Скопје ќе потроши околу 847 илјади денари на тендер кој треба да обезбеди информации за пазарот и за јавното мислење.
Во огласот не е наведено каков пазар ќе испитува Шилегов ниту за кои теми ќе се испитува мислењето на граѓаните.
Единствен критериум за понудувачите е ниската цена а тендерот ќе биде спроведен преку електронска аукција.






