Се уште нема конечни одлуки за спомениците и во однос на проектот „Скопје 2014, вели градоначалникот на Скопје.



„Да го доградите мостот на Панорамското тркало без Панорамското тркало, би ве чинело отприлика околу 4,5 милиони евра. Недостигаат средства тој да се изгради, а би добиле еден ултра-скап пешачки мост.

Да го исчистите коритото на реката Вардар и од мостот и од галиите и од некои фонтани, кои веќе подолго време не работат, и од врби и од сето тоа во коритото, чини исто така 4,5 милиони евра“, вели Петре Шилегов во интервју за Радио Слободна Европа.

Одговарајќи на прашањето  дали ќе се преместуваат спомениците, Петре Шилегов вели дека дел од спомениците не се ингеренција на Град Скопје и дека „тука се вмешани Министерството за култура и Општина Центар и тоа, во формално правна смисла, ќе биде однос меѓу тие две институции“.

Тој вели дека инспекциските служби на Град Скопје веќе се во посета на галиите, со цел да се утврди нивната состојба, но објаснува дека бродовите во коритото на реката Вардар се поставени под категоријата урбана опрема.

„Какви сè правни екскурзии не се правени со цел да се реализира еден налудничав проект, како нечија желба“ вели градоначалниокот и додава дека носењето одлуки на претходниците, не го смета за сопствено алиби.

„Ги чекаме извештаите на службите, полека ги создаваме условите да може да се донесат конечните одлуки“, изјави Шилегов.