Шилегов за 2,5 проценти му бега на Коце во трката за Скопје

Кадидатот на СДСМ, Петре Шилегов има рејтинг од 37,1 отсто, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски од 34,6 отсто, покажува најновата анкета на телевизија Телма во соработка со М-проспект која покажува дека трката за градоначалник на Скопје ќе биде тесна.



Во анкетата е допуштена грешка од плус-минус 2,5 отсто, онолку колку што е предноста на претендентот на СДСМ за гратски татко.

Во првиот круг на изборите во општина Центарм, сигурен победник е Саша Богдановски од СДСМ, во Гази Баба, старо-нов градоначалник ќе биде Тони Трајковски од ВМРО ДПМНЕ.

Според „Телма“ и Стефан Богоев, кандидат на СДСМ за Карпош сигурно ќе го победи Стевчо Јакимовски.

Анкетата му дава предност на Јохан Тарчуловски во Кисела вода, а во другите општини, исходот е неизвесен.

Во Чаир има повеќе кандидати Албанци, поради што најверојатно победникот ќе се одлучува во првиот круг.