Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов индиректно го обвини МВР дека нема капацитет да врши сообраќајни проверки на Водно кога во градот има поголеми јавни собири.
Запрашан зошто вчера на Водно и покрај забраната имало возила Шилегов вели дека од МВР добил известување за неможност да се вршат контроли поради протестот на ВМРО – ДПМНЕ.
МВР во врска со случајот официјално информира дека за време на викендите врши редовни проверки и контроли согласно законот.
Со тоа МВР кое го води Оливер Спасовски ги отфрли обвинувањата од Скопскиот градски татко кој смета дека МВР нема капацитет за сообраќајни контроли кога има протести или поголеми јавни собири.





