Шефот на македонската тајна служба: Правдата е бавна но на крајот доаѓа

Заврши организираната хајка против директорот на АНБ Бојан Христовски пишува Радио Лидер.



,,Правдата понекогаш е бавна, но секогаш доаѓа… “, вака кратко директорот на АНБ Бојан Христовски во телефонска изјава за Радио Лидер ја коментира одлуката на Државната комисија за спречување на корупција која одлучи дека тој ги исполнува сите законски услови да ја води Агенцијата за национална безбедност.

Христовски додаде дека на почетокот ги демантирал лажните обвинувања околу неговите сертификати и квалификации, но, кога видел дека очигледно станува збор за организирана хајка одлучил да ги остави институциите самите да се уверат дека тој ги исполнува сите услови.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

На својата последна седница, ДКСК потврди дека Христовски ги исполнува законските услови за позицијата според Законот за АНБ.

Најчитани статии

Предходно клеветел и медиум на Џабир Дерала

Медиумска тупаница на СДСМ и ДУИ му се извини на Мицкоски за клевета