Информациите и документите кои дојдоа од брифинг на новата влада во врска со менито на екс шефовите на МВР според кои во скапите ресторани биле потрошени огромни пари а се јаделе егзотични животни, отворија дилеми кај граѓаните.
Дел од нив на социјалните мрежи прашуваат дали воопшто во земјата има увоз на месо од бизон или кафеаните служеле говедско кое што е многу слично со бесото од Бафало како што се нарекуваат бизоните во САД.
Граѓаните од соодветните државни агенции бараат да излезе со информација дали има увоз на ваков вид месо кое што се нарачувало по 1500 денари за парче а ако нема да одговараат фирмите кои што го фактурирале јунешкото месо како месо од бизон.

Прашање има и за коњското месо, односно граѓани прашуваат дали во македонските кланици се колат коњи за месо. Ако такво нешто нема тогаш да се види кој увезувал коњско месо, ако и тоа го нема во документите и царинските декларации да се казнат фирмите кои што лажно претставувале дека увезуваат или произведуваат ваков вид месо, бараат граѓани според кои ако има колење на коњи без Хасап стандардите се работи за кршење на законот.

Посебно прашање на кое што соодветните служби ќе треба да одговорат е дали месото кое што е послужено според објавените фискални сметки е со соодветен рок на траење затоа што во Македонија нема доволно луѓе кои што нарачуваат од овие скапи видови меса кои што не се дел од традиционалната македонска трпеза.





