Европската унија би можела „да поздрави“ шест земји од Западен Балкан до 2025 година, во услови кога очајните лидери во Брисел се обидуваат да го прошират и ревитализираат блокот.
Шефовите на ЕУ во следните седум години планираат да ги поканат Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија.
Во Брисел се надеваат дека шесте нови земји-членки би можеле да помогнат да се зајакне контролата на миграцијата, бидејќи многу мигранти патуваат низ Балканот пред да стигнат до Европа.
Унијата, исто така, во новите земји-членки гледа ефикасен метод за борба против влијанието на Владимир Путин на Балканот и Источна Европа.
Сепак, плановите за најголемо проширување на ЕУ по две децении би можело да тргне наопаку бидејќи тоа ќе означи значителен пораст на населението (во Унијата – н.з.) без истовремено зголемување на БДП, пишува „Сандеј експрес“.
Европски дипломат кој поддржува проширување за Фајненшнел тајмс изјави: „На некој начин, шесте земји не се аутсајдери, тие се веќе внатре и ни се потребни. Затоа треба да обновиме процесот на проширување без олеснителни отстапки”.
Шесте држави ќе мора да ги исполнат строгите критериуми за справување со корупцијата и решавање на проблемите што излегоа на површина по приемот на поновите членки на блокот како што се Романија и Бугарија во изминатата деценија.





