Шесто илјади луѓе остануваат блокирани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против продолжување на пасошите со РМ

Шесто илјади луѓе остануваат блокирани откако СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против продолжување на пасошите без северна.



Во собранието со 46 гласови За и 54 гласа против не помина Законот за продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија.

,,Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија❗️
📌 Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија”, објави пратеникот Антонијо Милошоски кој јавно им се заблагодари на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими.

Овие пратеници покрај пратениците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта, пишува Милошоски.

Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ