Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски, шесте пратеници на кои им беше одземен имунитет денес треба да се појават пред судија на претходна постапка поради нивното учество во настаните од 27 април во Собранието.
Шестемина пратеници се меѓу 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Без присуство на претениците од ВМРО-ДПМНЕ, македонското Собрание во петокот одговори позитивно на барањето на Основен суд Скопје 1 и им го одзеде имунитетот на шесте пратеници.
Одлуката беше донесена едногласно, односно сите 67 присутни пратеници гласаа за одземање на имунитетот на пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“.





