На денешен ден пред шест години македонските граѓани масовно го бојкотираа референдумот за промена на името на својата држава Македонија со додавање на географската одредница „северна“, кој пропадна поради неисполнетиот цензус од 50 проценти плус еден глас од избирачите.
Само 36,91 отсто од избирачкото тело излезе на гласачките места, а од нив 37.700 граѓани со право на глас се изјаснија против на прашањетто „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
Со тоа станаа беспредметни 609.813 гласа „за“ или само една третина од 1.806.336 граѓани запишано во единствениот избирачки список за изјаснувањетоп на 30 септември 2018 година.
Но, тогашната влада на Зоран Заев реши да го игнорира јасното противење на две третини од граѓаните на Македонија и со „балкански методи“, како што ѝ препорача тогашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, го промени Уставот и ја прекрсти државата во „Северна“.






