Познатата актерка Милена Дравиќ неодамна му го подарила чамецот што му припаѓал на нејзиниот, сега веќе покоен сопруг Драган Николиќ, на колегата Раде Шербеџија. Нивното пријателство трае уште од најрана младост, а Раде за време на боледувањето на Драган секогаш бил подготвен да дојде да им помогне и да направи се што е во негова моќ. Ова нивно другарство и пријателство е навистина големо и нормално е ова да се случи, бродот да му припадне на Раде.

Шербеџија го сака морето и бродовите, тој веќе му има дадено име на бродот “Гага”, по прекарот на Николиќ, а на него ќе има и слика од познатиот актер. Планот е чамецот главно да го користат уметниците за одење на проби од Голем на мал Бриони.




