Шекеринска: Договорот за името нема да има апсолутен победник

Во случај на договор меѓу Атина и Скопје за името, нема да има апсолутен победник, вели македонската министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска.



Говорејќи за СКАJ ТВ, Радмила Шекеринска изјави дека „никој нема да излезе од овој конфликт со решение како победник, сите ќе бидеме критикувани”.