Швајцарија пресилна за европскиот фудбалски првак Италија!

Швајцарија ѝ одржа фудбалска лекција на Италија во осминафиналето на Европското првенство во Германија, совладувајќи ја со 2:0 на Олимпискиот стадион во Берлин и приредувајќи му рана елиминација на бранителот на титулата.



Избраниците на селекторот Мурат Јакин ги надиграа Италијанците во сите елементи на фудбалската игра, а головите ги постигнаа Фројлер во 37. минута и Варгас од првата кација во второто полувреме.

Првиот четвртфиналист на ова ЕП за место во полуфиналето ќе се бори со подобриот од утрешниот дуел меѓу Англија и Словачка.