Твитерџијата „ОфДјутиКомидиан“ му забележува за дволичност на министерот за образование во заминување Јетон Шаќири.
„Лани министерот за образование во заминување Јетон Шаќири (ДУИ) изјавува ‘Нема пари за сите учебници’. Тендерот чини 6,5 милиони евра. На три недели пред избори објавува потпишан тендер од 5,1 милиони евра за изградба на училиште ‘Сами Фрашери’ склучен со ‘Хоџа инженеринг’“, го разобличи Шаќири објавувачот на социјалната мрежа.






