Шерон Стоун (59) стана планетарна ѕвезда во 1992 година и тоа благодарение на нејзината улога во филмот „Основен инстинкт“.



Во една од најсексите сцените во историјата на филмот, осомничената за убиство (Шерон) седи преку столчето на детективот (Мајкл Даглас) во краток фустан и пуши. Шерон потоа ја крева едната нога и ја префрла преку другата, а во еден дел од секундата се гледа и нешто повеќе.

Освен на Мајкл Даглас, Стоун тогаш им го сврте умот и на многумина гледачите, и набрзо стана светски секс симбол.


Шeрон се уште се смета за секси русокоса, а кога неодамна учествуваше на панелот за ментално здравје на жените успеа одново да ги шокира сите.
Имено таа за оваа пригода носеше краток фустан, а беше седната доста високо и сосема видливо. Потоа таа, верна на својот стил, не пропушти да ги прекрсти нозете и многумина да потсети на култната еротска сцена.