Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, саркастично му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот реизбор на гласањето што само што започна денеска, пренесува „Франс прес“.
„Би сакал да му честитам на Владимир Путин за неговата убедлива победа на изборите кои почнуваат денеска“, напиша Мишел на социјалната мрежа X.
„Нема опозиција. Нема слобода. Нема избор“.
Путин(71) речиси сигурно ќе добие уште еден претседателски мандат, во траење од шест години.
Гласањето започнува денеска и ќе трае до недела.
Изборите доаѓаат во време кога Западот се обидува да ја казни Москва за нејзината инвазија на Украина и откако Кремљ безмилосно ја уништи сета вистинска опозиција во земјата.






