Освен што е многу здрава и хранлива, сервираната шарената боранија е вистинска уметност и за очите.
Состојки:
-Зелена боранja
-Жолта бораниjа
-1 домат или 100 мл. доматно пире
-1 морков
-1 зелена пиперка
-1 главица кромид
-500 мл млака вода
-Масло за јадење
-Сол, црн бибер и вегета по вкус
-Магдонос по вкус

Начин на подготовка:
Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне. Потоа го додаваме ренданиот домат и зелената ситно сецкана пиперка. Кога овие состојќи ќе заруменат во садот ги додаваме зелената и жолтата боранија.
Продолжуваме со динстање додека боранијата не омекне. Кога состојките се омекнати додаваме 300 мл млака вода, еден морков исецкан на тркалца, 1 лажичка вегета, сол и црн бибер по вкус.
Го затвораме садот и ја оставаме боранијата на тивок оган 30-40 минути откако ќе зоврие.
Пред самиот крај додаваме ситно сецкан магдонос по желба.





