Чурлинов стрелец втор меч едноподруго во Полска (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, се запиша во листата на стрелците втор натпревар едноподруго за Јагјелонија во полската Екстра класа, овојпат во ремито 2:2 во дербито со Краковија на гостински терен, откако во претходното коло погоди во победата од 3:0 над Мотор Лублин.



Чурлинов го отвори резултатот во 34. минута со својот четврти првенствен погодок сезонава, пет минути подоцна Јагјелонија поведе и со 2:0, но во последните 17 минути прими два гола и сега е трета со 43 бода, два помалку од водечкиот Лех и еден помалку од Раков.

За 24-годишниот македонски напаѓач, кој настапува како зајмен играч на Барнли до крајот на сезонава, ова е вкупно петти гол за Јагјелонија, вклучувајќи го и тој против Копенхаген во Конференциската лига на УЕФА, а има и три асистенции.

Погодокот против Краковија е околу 1:20 минути од почетокот на видеото: