Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својот официјален профил на Твитер со пригодно видео за френетичната атмосфера на реваншот од баражот за Светското првенство меѓу Македонија и Фарски Острови во Скопје, во кој македонските ракометари ја надоместија негативата од седум гола од првата средба во Торсхавн.
„Чудо во Скопје! Уживајте во некои од најдобрите акции од историскиот камбек на Македонија за пласман на Светското првенство за мажи“, твитна ЕХФ заедно со видеото:






