Невобичаено, но во НБА утринава се одигра само еден меч во кој Лејкерси го дочекаа и го победија Чикаго со 103-94. И одново голем пресврт бидејќи Булси на почетокот од второто полувреме водеа во Стејплс центарот со 19 разлика кои брзо ги потрошија и загубија по што останаа на само три победи и меѓу последните три екипи во целата лига. За Лејкерси кои со оваа победа по долго време се сместија на осмата позиција на западот Кузма даде 22, а Колдвел Поуп 21 кош. Интересно ако утринава имаше 1, вечерва во НБА лигата ќе има дури 14 натпревари.