Чститки по повод светиот месец Рамазан, од лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија

„Рамазан доаѓа со мир и радост во срцата и семејствата на муслиманските верници. Да го искористиме овој свет месец да постиме од недостојни зборови, однесувања и мисли. Посакувам овој месец Рамазан да донесе духовно воздигнување, внатрешен мир и радост во вашите семејства“, посака спикерот Африм Гаши.



Вицепремиерот Изет Меџити упати честитка со објавување фотографија пред џамијата „Султан Ахмет“ во Истанбул.

„И денес, меѓу минарињата кои го допираат небото и светлата кои се палат со благослов, уште посилно ја чувствувам големината на Рамазан. Го чувствувам Божјиот благослов за секое добро што го имаме! И додека ги гледам луѓето кои ги полнат улиците на Истанбул со насмеани лица и срца ослободени од тежината на денот, разбирам дека Рамазан е повеќе од еден месец, тоа е чувство. Тоа е чувството на враќање кон себе, кон корените, во домот на душата. Рамазан, добре дојде кај нас!“, пишува Меџити.

Честитка упати и првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

„Посакувам овој свет месец да донесе здравје, хармонија и единство на сите нас. Да го искористиме ова време да си ја прочистиме душата и умот, да ги зацврстиме меѓусебните врски и да придонесеме за доброто на нашето општество“, се вели во честитката на Али Ахмети.

И Мендух Тачи го честиташе постот овој месец.

„Се надевам дека ќе ви бидат прифатени вашите постови, молитви и сите ибадети во текот на овој месец, дека ќе ви донесе здравје, мир и благосостојба во вашите семејства“, посакува Тачи.

„Посакувам секој од вас да влезе во овој месец и да го помине со здравје, хармонија во семејството и благосостојба во своите домови. Нека владее отвореноста во нашите души, љубовта во односите меѓу нас, а пред се Божјата милост и благослов“ – се вели во пораката на Зијадин Села.

Честитки во видео порака упати и првиот човек на Алтернатива Зеќирја Ибрахими.

„Постот, надвор од физичкиот обред, е духовна посветеност, контемплација и медитација, која – преку ограничувањето на храната – има за цел да ги избрише световните граници и да постигне неограничена духовна слобода“, рече Ибрахими.