Десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели се токму овие вкусни колачиња во форма на срце. Задоволството да биде уште поголемо, тие се прелиени со чоколадо и наполнети со џем од вишни.
Потребни состојки за тестото:



-2 јајца
-4 големи лажици шеќер
-6 големи лажици млеко
-6 големи лажици масло за јадење
-1 пакетче ванилин шеќер
-½ пакетче прашок за печиво
-10 големи лажици брашно
-џем од вишни

Потребни состојки за глазурата:

100 грама чоколадо
2 големи лажици масло за јадење
1 голема лажица млеко

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги сите состојки кои се потребни за тестото, освен џемот од вишни. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во модли во форма на срце. Потребно е да ги печете неколку минути. Кога ќе се оладат, исечете ги срцата на 2 дела, премачкајте ги со џем и повторно залепете ги.

Време е да ја направите глазурата. Стопете го чоколадото, потоа додадете го маслото за јадење и млекото. Со направената глазура прелијте ги срцата.

При сервирањето можете да бидете креативни и да ги украсите срцата со шлаг и неколку вишни.