Состојки:



-2 јајца
-12 лажици шеќер
-12 лажици брашно
-2 лажици какао
-1 прашок за печиво
-1 л млеко
-12 лажици шеќер
-100 г чоколада за готвење
-1 маргарин
-100 г ореви или кокос

Подготовка:

Кора: Двете јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици брашно, 12 лажици млеко, 2 лажици какао, прашокот за печиво да се изматат и да се испече кората. Кога ќе се излади да се исече на два дела.

Фил: Во млекото што преостанало кога сте ги зеле 12 лажици, додадете 12 лажици шеќер, 100 г чоколада, маргаринот и по желба 100 г кокос или мелени ореви. Смесата да врие пет минути, потоа тргнете ја од шпоретот и по 10 минути вратете ги корите во плехот во кое сте ги печеле и прелијте ги со филот. Одозгора може, но и не мора, да стави шлаг, чоколада…

Кората не ја печете долго. Печете ја во плех од 4-5 кг. Филот е течен, но корите ќе го впијат.